ФОТО: Францускиот претседател во нова љубовна врска?
Фотографии од францускиот претседател Франсоа Оланд и актерката Жули Гаје во паркот на Елисејската палата биле објавени денеска во неделникот Воаси.
Фотографиите, како што било наведено биле направени во октомври.
Нивната наводна врска беше откриена пред речиси една година и поради тоа „пукна“ врската на Оланд со новинарката Валери Триервилер.
Уредничката на Воаси, Марион Алембер, Жули Гаје се „чувствува како дома“ додека е во Елисејската палата.
- Таа таму често ги поминувала ноќите и викендите, наведува Алембер.
Медиумот додава во извештајот дека Жули Гаје е „речиси официјална прва дама на Франција“.
Триервилер по прекинувањето на врската со Оланд ја објави книгата Благодарам за моментот, во која ги опишува годините поминати со Оланд.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа