ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги користи седниците единствено за да ја критикува нашата партија

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска изрази разочарување и го осуди потегот на СДСМ повторно да не учествува во работата на седниците на Собранието на Република Македонија.

- На тој начин покажуваат дека ништо не менуваат во своето однесување. Имаат можност преку учество во расправа и посебно преку поднесување амандмани квалитативно да влијаат, но не го направија тоа. Единствено седниците на Собрание ги користат да изнесат критики за нас, да манипулираат без да се осврнуваат на резултатите, изјави директорот на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски.

Од ВМРО-ДПМНЕ информираат дека врвен приоритет на владејачката партија останува формирањето на ат-хок комисијата за настаните од 24 декември. Изразуваат надеж дека новото раководство на СДСМ ќе има многу поконструктивен приод во однос на комисијата и изборот на нејзин претседател. 

најчитано сега