Голем пожар во Чаир - има и повредени

Голем пожар избувна денеска во зграда на улицата „Цветан Димов“ во скопската населба Чаир. Пожарот, кој зафати најмалку четири стана во зградата со број 26, како што за МИА изјави командантот на скопската Противпожарна бригада Благоја Менковски, е ставен под контрола.

Според изјави на очевидци, во пожарот има и повредени. 

Екипи на противпожарни единици се уште се на местото на настанот. Засега нема информации што го предизвикало.

 

 

Оцени ја веста

21.11.2014 - 12:23

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега