Венецуела на прагот на хипер инфлација

 

Потрошувачките цени во Венецуела минатиот месец се зголемени за рекордни 6,2 отсто во споредба со април, што значи дека на оваа латиноамериканска земја и се заканува хипер инфлација.

Стапката на инфлација во Венецуела во првите пет месеци од годинава се зголемила за 19,4 отсто, што е незначително помалку отколку во целата измината година, кога е забележан пораст на потрошувачките цени од 20,1 процент.

Како што се истакнува во анализата на Голдман Сакс, доколку некоја земја има поголем раст на потрошувачките цени од 40 отсто на годишно Ниво, тогаш може да се смета дека се наоѓа во зона на хипер инфлација. 

најчитано сега