Фестивал за креативни индустрии „СКОПЈЕ КРЕАТИВА“

 

Во Универзалната сала во Скопје денеска ќе се  одржи третото издание на фестивалот за креативни индустрии „СКОПЈЕ КРЕАТИВА“, кој е дел од програмата за култура на Град Скопје.

На отворањето посетителите  ќе може да ги видат најновите дизајни на најразлични производи и услуги, додека во официјалниот дел, ќе бидат презентирани десетици нови производи и услуги од областа на креативните индустрии, а како куриозитет на програмата е првата андроид туристичка апликација за Скопје, насловена „SKOPJE TO GO“ (SK2GO), која ќе биде достапна за сите странски туристи кои ќе доаѓаат на посета во Скопје.

Ќе биде промовирана и првата македонска картонска игра, насловена „Планетата Ерида“, како и официјалниот софтвер за регистрација на креативниот потенцијал во нашиот град и земја, во т.н. форма на „База на податоци“.

Официјалното отворање на фестивалот за креативни индустрии „СКОПЈЕ КРЕАТИВА“ ќе биде  збогатено со настап на групата „ФОЛТИН“  и македонски диџеи.

Влезот за сите настани на фестивалот е бесплатен. 

 

 

Оцени ја веста

21.11.2014 - 10:10

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа