Жерновски: Уредно закажав седница
Продолжуваат манипулациите и шпекулациите во одредени медиуми околу настаните во општина Центар. Денеска еден портал објави информација дека се прекршува правната процедура за свикување на седницата.
Сакам да ја информирам јавноста бидејќи од порталот никој не се ни обиде да исконтактира со градоначалникот или со претседателот на Советот за да ја слушне и објави втората и вистинската страна.
Претседателот на Советот Мирослав Шиповиќ, во текот на вчерашниот ден телефонски го исвести координаторот на советничката група на ВМРО ДПМНЕ дека за денеска закажува седница со почеток во 13:00 часот.
Утрово сите советници добија СМС пораки со кои се известуваат за денешната седница. Службите од општината се обидоа да им врачат и писмени известувања за седницата, но советниците од ВМРО ДПМНЕ одбија да ги примат известувањата. Според ова воопшто не се работи за прекршување на правната процедура, туку седницата се закажува според сите нормативни решенија.
За постетување вака седници се закажувале и во претходниот состав на советот, а седници се одржувале и во ноќните часови.
Вратите на општината се заклучени поради безбедност на вработените и бидејќи се штити општинскиот имот. Овој чекор е преземен на барање и предупредување од полицијата.
Градоначалникот Андреј Жерновски не е запознает дека, како што пишува порталот дека на еден од вработените му се слошило. Затоа го повикуваме порталот да посочи за кој вработен се работи за да може веднаш да му обезбеди итна медицинска помош.
Не се точни информациите на порталот дека има некави тешки притисоци кои се вршат врз вработените. Општината и денес функционира во полн состав. Градоначалникот Андреј Жерновски сака уште еднаш преку медиумите да ја запознае јавноста дека на дневен ред на седницата на советот воопшто не се наоѓа точка за стопирање на изградба на црквата Св. Константин и Елена и дека за жал граѓаните се изманипулирани и искористени. Исто така сака да ја информитра јавноста дека меѓу оние што демонстрираат најмалку има жители на Центар. Градоначалникот апелира до надлежните на јавните и државните институции, школите и градинките, кои од вработените им отсуствува од работа и се наоѓа пред општината за да демонстрира во работно време
(Интегрален текст од соопштение на Општина Центар)