„Никогаш не научив како да ги проценам мажите“ - Севе си ја отвори душата

 

Северина беше гостинка во шоуто „Амиџи шоу“ и на прашањето на Огнен, која пејачка би сакала да биде ако не е Северина, а таа без размислување одговорила:

- Би била Сандра Африка, рекла пејачката

Исто така пејачката во емисијата открила дека секогаш била изневерена од мажите бидејќи не знае да процени кога лажат.

- Јас сум искрена личност, незнам да лажам и секогаш сум иста. Не знам да проценам кога мажот лаже, па поради тоа секогаш сум изиграна, се пожали Севе која додала дека најмногу ужива додека си игра со синот.

- Улогата на мајка е најважно и во целост ме исполнува. Уживам додека си игарм со мојот син Александар и тој е најголема енергија која ме крева, рекла пејачката во популарното шоу.

 

18.11.2014 - 12:46

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега