Прогласување на најдобрите угостителски објекти за 2014

Градот Скопје денеска ќе ги прогласи најдобрите угостителски објекти за оваа година.

Изборот се организира традиционално кон крајот на тековната година, а плакетите ќе ги врачи скопскиот градоначалник Коце Трајановски.

За реализација на проектот, Градот Скопје ангажира професионална агенција со експертско знаење и искуство во анализа на квалитет на услуга која по пат на т.н. mystery shopping, односно преку директна посета од независни и од објективни тајни купувачи/гости го истражуваат и го оценуваат квалитетот на услугата според однапред утврдени критериуми.

18.11.2014 - 09:17

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа