Нова жртва на македонските патишта: Сообраќајката пред Штип зави во црно уште едно семејство

Во штипската Клиничка болница почина и возачот на возилото марка „Форд“ со радовишки регистерски таблички, кој се здоби со тешки телесни повреди во сообраќајната несреќа, која се случи изутрината на регионалниот пат Штип-Радовиш, кај месноста викана Шести километар во близина на Затворот-Штип.

Портпаролот на Клиничка болница, Марина Шуманска потврди дека лицето донесено во тешка здравствена состојба починало на Одделението за интензивна нега во Клиничката болница.

На лице место загина совозачот во возилото. Според првичните информации, возилото излетало од коловозот и директно удрило во дрво.

17.11.2014 - 13:05

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега