Кина испраќа уште една жена на најдолгата мисија во вселената

Кина ќе испрати и друга жена во вселената со двајца астронаути на најдолгата мисија досега, соопштија денеска претставници од вселенската програма.

Вселенскиот брод „Шенџу 10“, што значи „Свето летало“, ќе биде лансирано во четврток со помош на ракетата „Долг марш 2Ф“, изјави Ву Пинг претставник на кинеската вселенска програма со човечки екипаж.

Другата Кинеска во вселената Ванг Јапинг, ќе лета во брод со кој командува Неи Хаишенг, а третиот член на мисијата ќе биде Џанг Сиаогуанг, рече кинеската претставничка и додаде дека тие ќе поминат 15 дена во орбитата. 

најчитано сега