Русија протера полски дипломати за возврат
Русија протера поголем дел од полските дипломати во Москва како одговор на неодамнешната одлука на Полска да ги протера руските дипломати од Варшава, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи.
- За жал, полските власти презедоа непријателска и неоснована мерка, нагласи во соопштението руското МНР.
Поради тоа руската страна како одговор усвои соодветни мерки и неколкумина полски дипломати веќе ја напуштија нејзината територија поради активности кои не се компатибилни со нивниот статус.
17.11.2014 - 11:02
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа