Најлошиот ден во неделата

Следниот пат кога ќе кажете дека го мразите понеделникот, делувајте брзо и аплицирајте за работа.

 

Понеделник е најдобар ден да се пријавите на работа, бидејќи ќе имате доволно време да се подготвите за интервјуто кое веројатно ќе ви биде закажано следниот понеделник.

Во Америка дури 30% од луѓето кои за нова работа аплицираат во понеделник, го минуваат првиот круг на селекција.

Најмалку успех се постигнува ако се пријавите за нова работа во недела, тогаш само 14% од пријавените минуваат во следниот круг.

Американскиот сајт Брајт.ком автоматски анализира повеќе од 500 000 апликации за работа и 15 милиони огласи, и преку детални анализи дојдено е до овие податоци.

Апликациите за работа најмногу се предаваат во вторник, а најмалку во недела. Работодавците ги прегледуваат пристигнатите апликации во работните денови од неделата, додека за време на викендите не сакаат да се занимаваат со тоа.

На никој не му е јасно зошто подобро поминуваат оние кои аплицираат за работа во понеделник, но изгледа работодавците мислат дека тие луѓе се вредни.

Исто така сајтот пишува дека кога порано ќе го пратите вашето CV работодавецот има време да поразговара за вас со своите колеги, но и да закаже состанок уште истата надела.

Оние кои се пријавуваат подоцна имаат поголеми шанси нивната пријава да биде занемарена.

17.11.2014 - 10:50

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега