Рекордeн број странски студенти во САД

 

 

 

 

Бројот на странски студенти кои учат во американски универзитети достигна рекордно ниво. Една третина од нив се студенти од Кина.

Во извештајот на Институтот за меѓународно образование се наведува дека речиси 900 илјади странски студенти учеле во САД во учебната 2013/2014 година. Тоа е за  осум отсто повеќе во споредба со претходната учебна година. 

Во истиот период е регистриран раст од 17 отсто на бројот на кинески студенти во САД. Меѓу другите држави со најмногу студенти и ученици во американски колеџи се Индија, Јужна Кореја, Саудиска Арабија и Канада.

Во извештајот се констатира дека и рекорден број Американци заминуваат да учат во странство, но тие поминуваат пократко време во споредба со странските студенти во САД.

Во учебната 2012/2013 година околу 289 илјади американски студенти учеле во странство, што е за два процента повеќе во споредба со претходната година. Најчести дестинации за студирање на Американците се Велика Британија, Италија, Шпанија, Канада и Кина.

17.11.2014 - 10:48

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега