160 кинески здравствени работници ќе се борат со ебола во Либерија

 

   Екипа од околу 160 кинески здравствени работници пристигнаа во саботата во Либерија каде ќе отворат нова клиника за борба со ебола.

Кина која е најголем трговски партнер на Африка беше под силни критики заради слабиот придонес во борбата со епидемијата.

Пекинг веќе соопшти дека ќе испрати илјада здравствени работници.

Во тимот се лекари, медицински сестри, технички лица и инженери. Со изградбата на клиниката што ќе биде целосно под кинеска контрола и ќе чини 41 милион долари, вкупниот кинески придонес е 122 милиони долари.

17.11.2014 - 09:01

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега