Хорор во Загреб- си ја продале малолетната ќерка за неколку илјади евра

Несовесни родители од Загреб си ја продале 15-годишната ќерка за неколку илјади евра.

 

На малолетна девојка од Загреб и бил одземен пасошот и била под постојан надзор од своите „свекор и свекрва“, кои ја присилувале на тешка работа без прекин.

 

- Ве молам да ми помогнете! Тие ме заробија и ме силуваа, извикувала тинејџерката  која плачејќи влегла во воз, бегајќи од своите клиенти кои трчале по неа.

Тој ден, малолетното девојче искористило момент и преку кујнскиот прозорец побегнала од 17-годишно момче кое ден пред тоа ја силувало.

Овој случај многумина крена на нозе, од сите страни пристигнува помош, а полицијата ги привела нејзините родители, како и малолетниот „младоженец“ заедно со неговите родители кои се осомничени за трговија на луѓе, како и сексуално злосторништво.

 

Агонијата на несреќната девојката започнала во средината на мај кога родителите решиле да ја омажат ќерката за пари.

15.11.2014 - 11:01

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега