Еди Рама тешко болен

 

  Лидерот на Социјалистичката партија на Албанија и моменталниот градоначалник на Тирана,Еди Рама заминува  на лекување во болница во Шведска поради сериозни проблеми со белите дробови.

”Ненадејно заминување за Шведска е поради очигледно лошото му здравје во последните денови. Нема никакво официјално соопштение, такво не е објавено и на сајтот на владата”, пишува “Опозита”.

 “При неговите последни средби, особено при посетата во Белград и средбата со српскиот премиер Александар Вучиќ, Рама изгледаше уморно, со забрзано дишење кое беше очигледно. Неговите ПР експерти велат дека ова се должи на емоциите. Така тие најверојатно сакаат да ја скријат лошата здравствена состојба “, пишуваат медиумите.

Некои од медиумите објавиле дека тој се изјаснил :  “Сега сум во Шведска на средба со шведските амбасадори во регионот и во некои други земји во врска со новата динамика на нашата надворешна политика”.

15.11.2014 - 10:50

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега