Четирикратниот албански убиец ќе одговара за убиство со умисла

 

 

Обвинителството во Тирана денеска покрена обвинение против Константин Џувани како главен осомничен за четирикратното убиство пред тиранскиот ноќен клуб „Анте гранд“.

Во обвинението, потпишано од обвинителите Ерион Пано и Енклит Ѓини, стои дека тој се товари за „Убиство со умисла на две или повеќе лица“ и за „поседување оружје без дозвола“. Џувани денеска бил запознат со обвинителството во затворот во Фуш Крууја, каде е во притвор, при што не се противел, но и одбил да зборува.

Џувани (26) на 4-ти овој месец, усмрти тројца албански и еден италијански државјанин. Еден од албанските државјани, Арбр Демирај (19) е син на поранешен обвинител, бил застрелан при обид да го смири Џувани, додека Италијанецот Џанпаоло Азоло бил убиен од заталкан куршум. Со останатите двајца, Енеј Џаи и Едисон Јахо, Џувани се скарал за доза кокаин, кој му била потребна, а во мигот немал пари да ја плати.

Константин Џувани е син на екс-социјалистичката пратеничка Луиза Џувани, која по инцидентот поднесе оставка, и на познатиот албански режисер Ѓерѓ Џувани. Неговиот другар Ералд Сида, кој се сомничи за соучество, останува во затворски притвор, бидејќи истрагата за него продолжува.

14.11.2014 - 15:23

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега