Затворскиот персонал крева раце од Брејвик: Тој не покажува знаци на каење

 

Норвешкиот масовен убиец Андерс Беринг Брејвик, постојано е преместуван од затворот „Ила“ во „Скиен“, поради тоа што затворскиот персонал се чувствува сосема исцрпен од него.

Друга причина за преместувањата била наведена и безбедноста, но како важен момент за тоа се укажува на истоштеноста на персоналот кој секојдневно работи блиску до Брејвик.

Имено, изворите наведуваат дека вработените во затворите реагираат на тоа што Брејвик и по повеќе од три години од извршените терористички напади во Осло и на островот Утоја, во кои животите ги загубија 77 лица, се уште не покажува никакви знаци на каење.

Вработените исто така сметаат дека Брејвик е манипулативен и дека е тешко да се биде во контакт со него. Освен тоа, тежок работен момент претставува и енормното количество писма што Брејвик ги испраќа и добива.

 

- Имаме разбирање дека затворите можат да го доживеат Брејвик како тежок затвореник, вели Брејвиковиот адвокат Геир Липестад.

14.11.2014 - 10:48

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега