Опасно– еве што може да ви направи навидум обичниот херпес

Верувале или не, научно докажано е дека навидум обичниот херпес кој речиси секој човек го имал барем еднаш во животот, може да предизвика низа сериозни заболувања.

Според научниците од Универзитетот во Шкотска, херпесот го удвојува ризикот за појава на Алцхајмерова болест.

Herpes simplex virus 1 е особено опасен за старите лица.

Кај нив имунолошки систем е ослабен и затоа се создаваат идеални услови за ширење на вирусот, што може да предизвика отекување на мозокот и да го поттикне развојот на Алцхајмерова болест.

Во првата шкотска студија испитаниците биле тестирани во период од 11 години, резултатите покажале дека во мозокот се создава талог, мозочните клетки постепено умираат и ја кршат врската меѓу нив.

Токму тоа може да предизвика губење на меморијата и да влијае на способноста на размислување.

Во студијата, која траела 11 години, учествувале 3.432 испитаници, а во девет-годишната студија учествувале 360 лица со Алцхајмерова болест.

14.11.2014 - 10:32

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега