Сопственикот на План Б се огласи за скандалот- еве што напиша
Сопственикот на План Б продукција, Кристијан Стефановски се огласи по текстовите објавени во македонските медиуми дека бил уапсен под сомнение за местење на Скопски фестивал.
-Точно е, беше направена рутинска контрола заради лобирањето и поддршката што им ја давам на пејачите што ги застапувам. По направената рутинска контрола, ниту јас ниту мојот брат Игор Стефановски сме приведени на разговор или задржани во полициска станица. Со оваа изјава би сакал да им ставам крај на сите шпекулации што се врзуваат за името на „План Б продукција“, напиша Стафановски.
14.11.2014 - 10:26
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа