Откриена секта во Бразил која извршувала грозоморни убиства
Во Бразил почна судски процес против три лица кои се обвинети дека убиле најмалку две лица, по што делови од нив ги изеле, а со остатокот полнеле бели печива за продавање.
Жртвите ги намамувале со ветување дека вработуваат дадилки.
Обвинетите се маж жена и неговата љубовница кои на полицијата подоцна ги признале убиствата.
Полицијата пронашла човечки останки најмалку од две жени во дворот на нивната куќа. При апсењето, канибалите рекле дека припаѓаат на секта која проповеда прочистување на светот и смалување на популацијата.
14.11.2014 - 10:11
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа