Чеченскиот лидер Кадиров вели дека "непријателот на исламот" е убиен

 

 

Претседателот на Чеченија Рамзан Кадиров објави дека е ликвидиран „непријателот на исламот“, Тархан Батаришвили, кого го оквалификува како еден од лидерите на Исламска држава.

- Непријателот на исламот Тархан Батаришвили кој себеси се нарекуваше Омар ал Шишани е убиен. Тоа ќе се случи со секој кој ќе се обиде да упати закани до Русија и чеченскиот народ, напиша Кадиров на Инстаграм.

 

Во текстот не се прецизира кога и каде е ликвидирано лицето.

Во почетокот на септември Рамзан кадиров рече дека побарал да биде пронајден и ликвидиран терорист од Сирија кој преку видео-порака сакал да почне војна во Чеченија и кавкаските држави.

13.11.2014 - 15:45

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега