Вонредната состојба во Либерија поради еболата е укината

 

 

 

Претседателката на Либерија, Елен Џонсон Сарлиф изјави дека се укинува вонредната состојба воведена во август заради епидемијата од ебола.

Со вонредната состојба беа затворени училиштата, имаше забрана за собирање на луѓе на јавни места, затворање на дел од пазари. Со вонредната состојба Владата го ограничуваше движењето на луѓето.

Претседателката на Либерија предупреди дека во државата продолжува битката со еболата и додаде дека сепак, има напредок. Само во Либерија над 2.800 луѓе ги загубија животите од епидемијата

13.11.2014 - 15:27

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа