Часови по кинески во средното школо НОВА

 

Меѓународните училишта НОВА и Институтот „Конфучиј“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје денеска потпишаа меморандум за соработка, со кој ќе се овозможи настава на кинески јазик во оваа образовна установа.

Наставата по современ кинески јазик и култура оваа година ќе ја следат 14 ученици. 

На потпишувањето присуствуваа ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Велимир Стојковски и директорот на Меѓународните училишта НОВА Венера Новаковска.

- Кинескиот е прв од источно-азиската група јазици, кој ќе се изучува во НОВА заедно со тие од европското говорно подрачје. Имајќи предвид дека Кина е се поприсутна на светската сцена, ова е само почеток за отпочнување на подолгорочен процес на соработка во кој следни чекори би биле размена на ученици, како и евентуалното отворање на мултимедијална училница во НОВА посветена на кинескиот јазик и култура, истакна Новаковска

Со интензивирањето на македонско-кинеските економски односи, според неа, ќе се јави поголема потреба од изучување на кинескиот јазик и подобро разбирање на културните посебности. 

Со отварање на првата средношколска училница по кинески јазик, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ го продолжи проект за популаризација на кинескиот јазик и култура во Македонија.

13.11.2014 - 15:25

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа