Пет милијарди долари потрошени за дестабилизација на Украина

 

  

 

Претседателката на Советот на федерацијата, Горниот дом на рускиот парламент, Валентина Матвиенко изјави дека Западот потрошил пет милијарди долари за дестабилизација на Украина.

- Украинската криза докажа дека информациската технологија вклучувајќи интернет и социјални мрежи, може да направи лажна реалност и да ја измени свеста на нормалните луѓе заради корист на одредени политичари, изјави Матвиенко.

 

Таа вели дека тие пари се потрошени против легитимните украински власти.

 

- Затоа е неопходно да се знае ефикасно да се користи информациската технологија во спречување на зло и спротиставување на оние кои се обидуваат да ја сокријат вистината, додаде таа.

Протестите против украинските власти почнаа во ноември 2013 година, а во февруари 2014 година претседателот Виктор Јанукович беше симнат од власт. Украинската армија и проруски сили водат на исток во државата речиси секојдневно борби и покрај договорот за прекин на огнот постигнат во септември. Според ОН, во судирите на исток во Украина од средината на април досега загинаа околу 3.700 луѓе и преку 9.000 се повредени.

13.11.2014 - 15:01

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа