Осаменоста го натерала да заигра покер - сега е милионер

 

27-годишниот Мартин Џекобсон вчера ја освоил главната награда на покерскиот турнир во градот на коцката, Лас Вегас. Испукувањето на конфетите синоќа било и официјалната потврда за неговата победа, а помеѓу прегратките на своите најблиски, Џекобсон изјавил: “Не постои “совршен турнир”, меѓутоа овој можеби беше сосема блису до совршен!”, пренесува "Daily Mail".

Ева, мајката на младиот покераш, во интервјуто за медиумите изјавила дека нејзиниот син започнал да игра покер затоа што се чувствувал осамено секогаш кога доцна во ноќта се враќал од рестораните каде што работел, кога ниту еден од неговите пријатели не бил буден и тој немал со кој да се дружи. 

 

 

13.11.2014 - 14:38

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа