Мечка предизвикува страв и трепет кај жителите од охридското село Велестово

 

Дива мечка веќе месец дена наназад им создава проблеми на жителите на охридското село Велестово, слободно шетајќи во атарот на селото и вознемирувајќи го населението.

Жителите на селото велат дека секојдневно го гледаат животното како слободно шета во непосредна близина на куќите, предизвикувајќи страв, како кај населението така и кај добитокот, а никој не смее да реагира оттаму што тој вид животни се строго заштитени со закон.

Според жителите на селото, мечката напаѓа и стока и кучиња, а иако пријавено никој од надлежните служби не се одзвал на нивните барања нешто да се преземе за решавање на проблемот.

Селото Велестово се наоѓа веднаш над Охрид, на падните на планината Петрино, а прввата средба на жителите со дивото животно била на 17 минатиот месец. 

13.11.2014 - 14:17

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа