БиХ : 11 лица осомничени за тероризам

 

 

Членови на босанската Агенција за разузнавање и заштита (СИПА) уапси 11 лица осомничени за тероризам, продолжувајќи ја акцијата „Дамаск“.

Извршени се апсења и претреси на објекти во повеќе населени места на територијата на Босна и Херцеговина со цел за откривање и конфискување на предмети, што може да служат како доказен материјал. 

Во септември во рамките на операцијата „Дамаск“ беа уапсени 16 лица, осомничени за тероризам. Меѓу нив и имамот Билал Боснач, неформален лидер на вахабистичка заедница во Босна, кој се уште е во притвор. 

Во акцијата учествуваа над 100 полициски службеници. 

Операцијаат „Дамаск“ е насочена кон откривање докази, што ќе откријат врски на уапсените со граѓани на Босна и Херцеговина, што војуваат во Сирија и Ирак на страната на радикалните терористички организации и групи.

13.11.2014 - 13:55

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега