Министерот за екологија: Скопје се уште е многу загадено - ќе има мерки за движење на возилата

 

Аерозагадувањето е подобрено, но не значително од 31 октомври, кога престана со работа „Макстил“, а „Југохром“ работи со преполовено производството, изјави денеска министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири.

На доделувањето опрема за собирање и рециклирање средства за ладење, ресорниот министер посочи дека освен затворањето на капацитетите кои загадуваат ќе се преземат и други мерки за почист воздух.

- За Скопје се планира стратегија за справување со аерозагадувањето во следниот период, која е во завршна фаза и наскоро ќе се излезе со краткорочните мерки. Во зависност од загадувањето на воздухот ќе има мерки за движење на возилата, што ќе придонесе значително во подобрувањето на квалитетот на воздухот што го дишеме, рече Изаири.

Долгорочно, според него, најдоброто решение е сите производители и оператори да се усогласат со еколошките дозволи, но и да се подигне свеста кај граѓаните.

13.11.2014 - 13:52

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа