Тони Михајловски се огласи за скандалот на Скопски фестивал- еве што кажа

 

По скандалот за откриените нерегуларности за гласањето на Скопски фестивал, се огласи и популарниот актер и водител Тони Михајловски кој вчеравечер беше дел од музичкиот фестивал.

Тони Михајловски за Плусинфо вели дека не забележал никој да се пожали на телевоутингот, ниту било какви нерегуларности.

- Синоќа сите му честитаа на Даниел Кајмаковски за победата. Дури и видов статус кај Тамара Тодевска во кој вели, дека сега треба сите заедно да му помогнеме да се претстави на Евросонг. Поголема хармонија од тоа не постои. Никој не се пожали во бекстејџ на било какви нерегуларности. За ова што ме прашувате првпат слушам од вас - вели Михајловски за „Плусинфо“.

13.11.2014 - 13:39

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа