Проблемите во „Малезија ерлајнс“ не запираат

 

Малезиската национална авиокомпанија „Малезија ерлајнс“, која годинава ја погодија двете најголеми авионски несреќи, не може да се оттргне од проблемите и да го поправи својот паднат рејтинг.

На 22 август, патничка на компанијата на летот Куала Лумпур - Париз пријавила сексуално насилство на еден од стјуардите. Иако менаџментот сакал да го прикрие инцидентот, нудејќи и на патничката висока оштета, настанот се најде во медиумите.

Малезиската компанија одговори дека сеуште се испитува случајот, а стјуардот веднаш бил суспендиран.

По двете несреќи „Малезија ерлајнс“ги спушти цените на своите услуги и води ретко интензивна кампања за привлекување на патниците, но и натаму е еден од најголемите губитници во малезиската економија.

13.11.2014 - 13:15

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа