Русија предупредува: Ризик од нови видови птичји грип

Руски претставници во регионот Новосибирск предупредија денеска на голем ризик од појава на два нови видови вирус на птичји грип кои се регистрирани во Кина.

 

Како што јави ТАСС, во Кина се појавиле вирусите H5N3 и H5N8.

 

Во соопштението е предупредено дека постои висок ризик од ширење на овие вируси на територијата на Русија, особено на југозападниот дел на Сибир и регионот Новосибирск.

 

Властите барале локалните живинарски фарми да ја зајакнат контролата и да извршат лабораториски тестови поради евентуална појава на птичји грип.

13.11.2014 - 13:13

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега