МРТВ: Овозможивме секој од својот телефон да гласа само еднаш

 

Фестивалското гласање крена многу прашина. По завршувањето на Скопскиот фестивал синоќа и МВР се вклучи во акција – се местел фестивалот. Повеќе од 10 лица, меѓу кои и јавни личности и малолетници се приведени за местење на телевоутингот. Кај приведените се пронајдени повеќе стотици сим картички од кои гласале. И додека трае полициската акција, пејашите не се жалеа за наместен фестивал.

Од МТВ, оранизаторот на овој фестивал, на кој се избираше македонскиот евровизиски претставник, велат дека никој од авторите и изведувачите на песните не се пожалиле за некакви нерегуларности за време на гласањето. Но, сепак, додаваат оттаму, пред да излезат со официјално соопштение, ќе ги чекаат резултатите од истрагата на МРТВ.

 

-Направивме максимум во смисла на заштита од евентуални нерегуларности. Пораките чинеа 5 денари, а тоа го направивме со цел да поттикнеме и да овозможиме повеќе луѓе да се приклучат во гласањето. И она што е најбитно – овозможивмеод еден телефонски број да може да се гласа само еднаш – велат од МРТВ.

13.11.2014 - 12:26

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега