Земјотрес го стресе грчкиот остров Кефалонија

 

 

Нов земјотрес со интензитет од 4,5 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска на грчкиот остров Кефалонија во Јонското Море, јави БТА.

Епицентарот на земјотресот бил во реонот на гратчето Аргостоли, каде вчера беше регистриран потрес од 4,1 степен по Рихтер.

Денешниот потрес бил на длабочина од пет километри. Нема информации за настрадани и штети.   

Реонот е сеизмички активен, при што во 1953 година островот го погоди земјотрес од 7,2 степени според Рихтер. 

13.11.2014 - 12:25

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега