Метеоролозите не носат добри вести за викендот

 

Во четврток во Македонија ќе биде облачно со слаби врнежи од дожд и ветровито. Ќе дува умерен јужен и југоисточен ветер, а понекаде во западните предели ќе дува умерен југозападен ветер. Максималните дневни температури ќе се движат од 10°C до 18°C.

Облачно и врнежливо ќе започне и петок. Во утринските и претпладневните часови ќе биде облачно со врнежи од дожд кои попладне ќе престануваат. Ќе дува умерен северозападен ветер, а во западните предели ќе дува умерен југозападен ветер. Утринските температури од 7°C до 14°C, а максималните дневни температури од 9°C до 17°C.

Во сабота во утринските часови ќе има појава на магла, која понекаде ќе се задржи и претпладне. Во текот на денот ќе биде претежно сончево со локална облачност и ветровито. Утринските температури ќе се движат од 4°C до 11°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 10°C односно до 18°C.

За во недела повторно се најавува дожд. Температурите ќе се движат од 5 до 7 степени наутро па до максимални 14 степени во текот на денот.

13.11.2014 - 12:00

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа