Скопје: Искршени десетина автомобили - двајца повредени

 

Во текот на изминатите 24 часа на подрачјето на град Скопје сообраќајната полиција изврши увид на вкупно 10 сообраќајни незгоди.

Осум се со последица материјална штета, а во две со полесни повреди се здобиле еден возач на патничко моторно возило и еден возач на мопед.

Вчера сообраќајната полиција открила неисправност кај 13 возила, од кои 10 се исклучени од сообраќај поради утврдена неисправност кај виталните уреди, односно уредот за сопирање или, пак, уредот за управување на возилото. Санкционирала и 24 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, девет возачи кои го управувале возилото по истекот на важноста на сообраќајната дозвола и девет возачи кои не го користеле безбедносниот појас или, пак, го користеле мобилниот телефон за време на управување на возилото, како и 10 пешаци.

Со помош на специјалното возило „пајак“ сообраќајната полиција отстрани 67 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

 

За денеска нема најавено вонредни настани, па се очекува сообраќајот да се одвива нормално и според постојната сообраќајна регулатива

13.11.2014 - 11:47

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа