Будимпешта се подготвува за надојдениот Дунав

Илјадници лица се евакуирани од своите домови во Источна Германија, откако реката Елба ја проби браната и се излеа.

Исто така, надојдениот Дунав се приближува кон Будимпешта каде војници и волонтери поставуваат насипи.

Области од северниот и јужниот дел на главниот град на Унгарија веќе се под вода, додека во центарот на градот е поставената брана во висина од 9,30 метри поради што нема поголема опасност од поплава.

Инаку, во поплавите низ Европа досега загинаа најмалку 21 лице.

најчитано сега