ВИДЕО: Херојот на Сирија- детенце го ризикува животот за да ја спаси другарка му

 

Трогателна снимка на која се гледа вистинско херојско дело го трогна светот – детенце го ризикува својот живот за да ја спаси својата другарка.

Момчето лежи на земја, но станува и потоа паѓа глумејќи дека е погоден од истрелите од оружје кои се слушаат во позадина.

Потоа детето станува, го зема девојчето за рака и трча назад со неа, додека снајперот пука.

Се претпоставува дека видеото е снимено во Јабруд, 50 километри од Дамаск.

Сепак, неговата автентичност не е потврдена, ниту, пак, се знае што се случило со децата.

 

12.11.2014 - 20:22

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега