Меркел: Не се планираат нови економски санкции за Русија

 

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска изјави дека не се планираат натамошни економски санкции кон Русија поради Украина, изразувајќи притоа неадоволство од непочитувањето на прекинот на огнот во источна Украина.

- Не сме задоволни со спроведувањето на договорот од Минск, бидејќи големи делови од него не се применуваат, изјави Меркел и додаде дека се занемаруваат прекинот на огнот и почитувањето на украинските граници.

Таа најави дека за овие теми ќе разговара со украинскиот претседател Петро Порошенко и со рускиот претседател Владимир Путин.

Меркел, исто така, информира дека  списокот на луѓе на кои им е забрането патување во ЕУ ќе биде проширен со новоизбраните претставници на сепаратистите во источна Украина.

- Во моментов не се планираат понатамошни економски санкции. Во моментов сме фокусирани на зимата и хуманитарната ситуација и како да постигнеме прекин на огнот, изјави Меркел. 

11.11.2014 - 16:27

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега