Македонец и неговиот малолетен син се борат за живот- трагедија во Мелбурн
Македонецот Ристе Николовски и неговиот син додека се возеле на мотор биле изненадно удрени од позади од жена која управувала џип, објави порталот Фаланга.
-Од самиот судир биле турнати во друг автомобил кој се движел и неможел да ги избегне притоа нанесувајќи им големи повреди на двајцата Македонци. По кратка постапка Ристе Николовски и неговиот дванаесетгодишен син се пренесени во Royal Melbourne Hospital и како што дознаваме и двајцата се во критична состојба т.е во кома и се борат за живот, објави порталот.
Инаку, Ристе е по потекло од Преспа. Тој пред извесен период отпатувал во Мелбурн, но за жал се случила оваа несреќа.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа