Млад струмичанец загина во страотната несреќа кај Белград

28 годишниот Александар од струмичко Радичево е жртвата од страотната сообраќајна несреќа која вчера се случи пред Белград, пишуваат српските медиуми.

Возачот на камионот кој се преврте - 34 годишен радовишанец сеуште се бори за живот.

Страотната сообраќајка се случи вчера наутро кога камион со македонски регистарски таблички се преврте на автопатот во близина на Белград. Заагинатиот струмичанец му бил помошник на возачот и во моментот на несреќата спиел во кабината од камионот.

 

најчитано сега