Путин и Абoт побараа забрзување на истрагата за урнатиот малезиски авион
Рускиот претседател Владимир Путин и австралискиот премиер Тони Абот денеска одржаа куса средба на маргините на самитот на Азиско-тихоокеанската економска соработка (АТИС) во Пекинг.
Двајцата лидери побараа да се забрза истрагата за причините за несреќата на малезискиот авион над источна Украина во јули годинава, во која загинаа сите 298 патници и членови на екипажот на Боингот.
За двајцата лидери е недозволиво тоа што експертите не добиваат пристап до местото на несреќата со аргументот дека се пука од страна на украинските воени единици.
Путин на средбата посебо подвлекол дека Русија од самиот почеток на истрагата инсистира на „непристрасно, брзо и ефикасно изнесување на фактите за несреќата“.
ТАСС потсетува дека, токму по овој повод, премиерот Абот на 6 номеври во интервју за весникот „Острелијан“, изјави дека при прва укажана можност планира да се сретне со Путин и со него да ги разгледа околностите за несреќата на малезискиот боинг крај Доњецк, во која загинаа и 27 Австралијци.
Тој, притоа кажа дека „Путин не може да ја избегне таквата тема и дека за него не е важно дали таа ќе се одржи во неофицијална или во поформална ситуација“.
Пред ова Абот повеќе пати имаше изјавено дека авионот беше урнат од проруските бунтовници, кои употребуваат оружје што им го доставила Русија, и ветуваше дека за време на претстојниот самит на Г-20 во Бризбејн ќе „го напаѓа“ рускиот претседател. ТАСС дури и потсети дека австралискиот премиер го употреби и терминот „shirt-front“ од жаргонот на австралискиот фудбал, што значи фронтален напад врз играчот на противникот во момент кога тој ја презема топката.
Коментирајќи ја оваа изјава Песков само кажа дека „судејќи по се тоа не се случи“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа