ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните и државата не се оштетени во случајот „Сахара груп“

 

ВМРО-ДПМНЕ во реакција на денешната прес-конференција на портпаролот на СДСМ Петре Шилегов истакнува дека  во случајот со индиската компанија „Сахара груп“ граѓаните не се оштетени  од ниту еден аспект и оти државата постапила одговорно заштитувајќи се и поставувајќи барања за банкарски гаранции. 

- Владата и премиерот Груевски никогаш не рекла дека ќе инвестира, ниту дека нема да инвестира. Владата единствено соопшти дека компанијата пројавила интерес, а самиот сопственик на компанијата изјави дека ќе инвестира. Прашањето дали таа ќе инвестира или нема да инвестира, е тема која зависи од самиот инвеститор, а задача на Владата предводена од ВМРО-ДПНМНЕ е да се бори за секое новоотворено работно место кое значи егзистенција за граѓаните и многу семејства, се вели во реакцијата.

Според ВМРо-ДПМНЕ, СДСМ нема некаков кредибилитет да дебатира за привлекување инвестиции. Владата, истакнува владејачката партија, во изминатиот период успеа да привлече десетици големи странски инвестиции и компании како Џонсон Котролс, Џонсон Мети, Кемет Електроникс, Кромберт и Шуберт, Дрекслемаер,  Ван Хол, Амфенол, Технохозе, Продис, Стилкон, Гришко, Суташ, и многу други решија да инвестираат и да изградат фабрики од нула.

 - Овде се вработени неколку илјади граѓани и обезбедуваат егзистенција неколку илјади семејства. Оттука, Владата се однесува исто кон сите странски компании кои изразиле намера да инвестираат во земјава, наведува ВМРО-ДПМНЕ.

10.11.2014 - 15:57

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега