Пешевски се сретна со израелскиот амбасадор Ориан
Вицепремиерот задолжен за економски прашања Владимир Пешевски денеска се сретна со амбасадорот на Државата Израел, Дан Ориан.
На средбата разменети се мислења од повеќе аспекти на односите меѓу двете држави и потенциран е интересот за натамошен развој на економската соработка меѓу двете држави преку интензивирање на контактите и дијалогот на сите нивоа.
Пешевски, како што соопшти неговиот Кабинет, го запознал соговорникот со економските политики на Владата, спроведените проекти, како и со реформите кои се во фаза на реализација, а се наменети за зголемување на конкурентноста на домашното стопанство и поттикнување на економскиот раст. Разговарано е и за можностите Израел да стане значаен трговски партнер на Македонија.
Двете страни изразиле желба за понатамошен поттик на економската соработка и зголемување на трговската размена, воедно нагласувајќи дека и понатаму ќе останат посветени на унапредувањето на билатералните односи меѓу Македонија и Израел.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа