Путин ги обвини украинските сили за бомбардирање на местото на несреќата на малезискиот авион

 

 

Рускиот претседател Владимир Путин ги обвини украинските сили дека постојано вршат артилериски напади во реонот на несреќата на малезискиот авион, кој се урна во јули на украинска територија, и оневозможуваат објективна истрага за инцидентот.  

- Не се проруските сепаратисти, туку спротивната страна е таа која не им дозволува на меѓународните експерти да работат на местото на несреќата, бидејќи постојано напаѓа во оваа област, изјави Путин за време на средбата со малезискиот премиер Наџиб Разак во Пекинг.

Тој изрази задоволство од фактот што на малезиските експерти конечно им било дозволено да учествуваат во истрагата за авионската несреќа, при што загинаа 298 лица.

 

10.11.2014 - 14:52

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега