Попоски се сретна со Штефан Лене
Министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска имаше средба со Штефан Лене, надворешен предавач во институтот Карнеги во Европа, во Брисел.
Централната тема на разговорите, како што соопшти ресорното Министерство, била европската агенда на Република Македонија со фокус на реформските процеси на земјите од Западен Балкан.
- Очекувањата се дека сите земји членки на Унијата имаат своја улога во оваа агенда. За Македонија, наметнатиот спор околу името останува клучна пречка кон нејзино полноправно членство во ЕУ, се вели во соопштението.
Двајцата соговорници констатирале дека најзначајно ќе биде да се задржи темпото на реформи во сите области, со посебно внимание на петте области именувани во пристапниот дијалог на високо ниво: политичкиот дијалог, слободата на медиумите, независното судство, меѓуетничките односи и реформите во јавната администрација.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа