Албанскиот премиер Рама испровоцирал инцидент во Белград?

 

Косово е дел од Србија и никогаш нема да биде дел од Албанија и нема да дозволам било кој да ја навредува и понижува Србија на сред Белград.

Ова го изјавил српскиот премиер Александар Вучиќ во живо обраќајки се од Палатата Србија, веднаш по разговорот во четири очи, со неговиот албански колега, Еди Рама.

-Рама испровоцира инцидент со тоа шти го спомена Косово за време на разговорот. Тое не беше наведено во планот на посетата а со тоа ја изигра довербата кај нас и се однесуваше спротивно на строгите протоколарни правила,додал Вучиќ.

Сепак, поанатаму било наведено дека посетата на албанскиот премиер во Србија одбележува нов почеток и напредок не само во односите помеѓу Србија и Албанија, туку за целиот регион.

-Ова е важна вест не само за Србија и Албанија. После 68 години да се сретнат државници на овие две држави е голем напредок и морам да кажам дека нашиот разговор во четири очи беа подолги од предвиденото и не беа ни малку лесни за водење. Но јас сум убеден дека заедничките проблеми можеме да ги решиме само со разговор, подвлекол Вучиќ.

10.11.2014 - 14:01

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега