Да и помогнеме на 20-годишна скопјанка - да спасиме млад живот
На 20-годишната Маја од Скопје и треба нашата помош за да си го спаси животот.
Ова амбициозно девојче кое го продолжи своето образование во САД, по првата година студии се соочи со сериозни здравствени проблеми и најтешката битка која некогаш ќе ја води во својот живот.
На Маја и беше дијагностициран рак на јајници. По консултација со докторите во државата Мичиген каде таа се наоѓа, направена е итна операција по која следи хемотерапија од 12 недели.
Операцијата е успешна и таа започна со хемотерапија но сето тоа чини 20.000 долари и потребни се парични средства за таа да го заврши своето лекување и да продолжи со нормалниот живот. Да покажеме дека сме хумани и да помогнеме и да ја поддржиме Маја.
Најубавите години од нејзиниот живот сè пред неа. Добредојдена е било каква донација!
Отворени се телефонски броеви и трансакциска сметка преку која може да се донира. Донациите преку телефонските броеви чинат 100 денари.
Броеви за донирање:
- 075/143 – 401 за корисниците на ONE
- 077/143 – 193 за корисниците на VIP
Трансакциска сметка на NLB Тутунска банка
- бул. Видое Смилевски Бато – бр. 31 – 1/4
- 210 – 5016072849 – 08
Да покажеме дека сме хумани!
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа