За Каталонскиот лидер е успех неофицијалниот реферндум за независност

 

Регионалната влада на Каталонија го прогласи за успех неофицијалниот референдум за независност од Шпанија.

- Каталонците покажаа дека сакаат самоуправување, изјави во Барселона регионалниот лидер Артур Мас.

Централната Влада во Мадрид, меѓутоа, го нарече политичка пропаганда референдумот, што е без правни последици.

Според последните податоци, доставени од каталонската влада, 2,25 милиони лица учествувале во вчерашното гласање, од кои 80,7 проценти гласале за отцепување од Шпанија.

10.11.2014 - 12:57

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега