ФОТО: Босанска работа - по грешка наместо во Латвија отишол во Литванија

Фудбалската репрезентација на БиХ синоќа играше во Рига и ја победи селекцијата на Летонија со 5:0 во квалификациите од СП 2014 година. Босанците на овој меч имаа голем број на навивачи.

Извесен Мустафа тргнал да ја бодри БиХ, но го промашил и градот и државата. Тој допатувал во Литванија, а потоа на Фејсбук се запрашал зошто нема никој од неговите сонародници и кога започнува натпреварот. Набрзо се' му станало јасно.

најчитано сега